Повик за учесници во Кампања против гласини: Гласно сокаче – Будно чикмаче

ФОРУМ 16 објавува повик за учеснци во рамки на проектот „Кампања против гласини: Гласно сокаче – Будно чикмаче“.

Од учесниците се очекува да се дел од следниве активости во рамките на Кампaњата, која се одржува по трет пат:

-пет дневна обука во Битола (септември 2020 година)
-теренска активност во Битола (октомври 2020 година)
-менторство на учесниците при идентификување на гласини (октомври-ноември 2020)

Учеството е бесплатно, а по завршување на активностите на учесниците им следува сертификат.

Заинтересираните лица треба да се над 15 години и да се од Битола и останати градови во Пелагониски регион.

Рокот за пријавување е 31 јули 2020 година на овој линк.

Проектот „Кампања против гласини: Гласно Сокаче – Будно Чикмаче“ го спроведува Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Главните цели на овој проект се обука на 15 агенти против гласини за идентификување на гласини во заедницата и нивно решавање со стратегиите што ќе ги научат за време на обуката, како и подобрување на капацитетите на ФОРУМ 16 за спроведување на кампањи против гласини во заедницата преку создавање прирачник против гласини и преку создавање поактивни работилници за време на обуката. Проектот е поддржан од грант од Советот на Европа преку Европската младинска фондација.

Доколку ви се потребни дополнителни информации пишете на forum16.bitola@gmail.com