Повик за ангажирање на 2 обучувачи и 1 ментор

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола за потребите на проектот „Кампања против гласини: Гласно сокаче – Будно чикмаче“ поддржан од Советот на Европа преку Европската младинска фондација, објавува повик за избор на двајца обучувачи и еден ментор. Обуката е планирана во септември 2020 во Битола. Менторството е планирано во октомври 2020.

1. Задачи на обучувач за човекови права:

– 2 (два) дена изготвување на план за работилниците кој ќе биде разгледан и одобрен од страна на проектен менаџер пред имплементацијата

– 2 (два) обука за граѓанско учесто,  човекови права, гласини, стереотипи, предрасуди, заштита од дискриминација и од говор на омраза

– 2 (два) дена известување, комплетирање на потребната документација и учество во изработка на Прирачник за организирање кампања против гласини

– координација со проектен менаџер и со други лица вклучени во Проектот

2. Задачи на обучувач за комуникации:

– 2 (два) изготвување на план за работилниците кој ќе биде разгледан и одобрен од страна на проектен менаџер пред имплементацијата

– 2 (два) обука за креирање алтернативен наратив при справување со гласини и комуникација со јавност

-2 (два) дена известување, комплетирање на потребната документација и учество во изработка на Прирачник за организирање кампања против гласини

– координација со проектен менаџер и со други лица вклучени во Проектот

3. Задачи на ментор:

– изготвување на план за менторство кој ќе биде разгледан и одобрен од страна на проектен менаџер пред имплементацијата

-5 (пет) дена менторство на 15 учесници во процес на идентификација на гласини во заедницата и изработка на извештај со резултати

– координација со проектен менаџер и со други лица вклучени во Проектот

4. Потребни квалификации:

Кандидатите треба да имаат завршено високо образование и стекната диплома од релевантната област.

Кандидатите треба да имаат професионално искуство во граѓанско општество и претходно искуство во спроведување на обуки/менторство.

Кандидатите треба да поседуваат солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини.

Кандидатите треба да поседуваат спoсoбнoст за рабoта пoд притисoк и сo рoкoви.

Заинтересираните кандидати на contact@forum16.eu треба да испратат:

– кратка професионална биографија

– писмо за интерес со информација за која обука аплицираат

– финансиска понуда т.е надомест по ден, изразена во бруто износ во македонски денари

Само кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат контактирани и повикани на разговор.

Рок за пријавување: Повикот е отворен до 3 јули 2020 година (до 17 часот).

Проектот „Кампања против гласини: Гласно Сокаче – Будно Чикмаче“ го спроведува Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Главните цели на овој проект се обука на 15 агенти против гласини за идентификување на гласини во заедницата и нивно решавање со стратегиите што ќе ги научат за време на обуката, како и подобрување на капацитетите на ФОРУМ 16 за спроведување на кампањи против гласини во заедницата преку создавање прирачник против гласини и преку создавање поактивни работилници за време на обуката. Проектот е поддржан од грант од Советот на Европа преку Европската младинска фондација.