Опрема за креативна заедница

До сите креативци:

Ако сакате да креирате видеа, да изработите филмови, да фотографирате или да прикажете некоја визуелна содржина, тогаш изнајмете опрема од ФОРУМ 16.

Сакаме да ги намалиме вашите грижи за тоа каде да најдете достапна опрема и ви овозможуваме да се фокусирате на она што е важно во реализација на вашата визија.

Опремата може да се изјами дневно, неделно или месечно, а за користење на истата ФОРУМ 16 користи претходно утврден ценовник. Дел од опремата вклучува трипод, камери, проектор, лаптоп и друго.

Ако сакате да дознаете дали имаме опрема која одговара на вашите потреби, за тоа како да поднесете барања и за други дополнителни информации пишете на contact@forum16.eu