КиноБит ви најавува онлајн дискусија на тема „Кино Кабаре настаните пред и по КОВИД-19: предизвици и решенија“.
Дискусијата ќе се одржи на 10 декември 2020 година во 18:00 часот преку Google meets.За да го најавите вашиот интерес за учество во дискусијата, ве замолуваме да оставите податоци на линкот за да може да ви испратиме линк до овој онлајн настан.
КиноБит го организира Кино Кабaре Битола од 2018 година. Ако сте биле дел од претходните Кино Кабаре Битола настани знаете колку ни недостига енергијата при изработка на краток филм за кратко време. Исто така, знаете дека филмовите изработени за време на Кино Кабаре Битола адресираат теми поврзани со човековите права. Затоа одлучивме онлајн дискусијата да ја организираме токму на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Се надеваме дека дискусијата ќе понуди алтернативи и начини како би ги адаптирале Кино Кабаре настаните во изменетите услови поради пандемијата од КОВИД-19 вирусот.
Се гледаме и слушаме!
Life is short, so make a movie!