Колку сте свесни за сопствените работнички права?
Од почетокот на 2018 година, Коалицијата на младински оргнизации СЕГА преку Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк, Агенција за млади и спорт официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите!“.
Целта на кампањата е да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права. Во текот на годината ќе се организираат бројни инфо денови, едукативни работилници, јавни дискусии на локално ниво и други настани преку кои ќе се опфатат голем број на млади (средношколци и студенти), млади работници, работодавачи, донесувачи на одлуки на локално и национално ниво и невладини организации со цел подигнување на свеста за гарантирање на правата на работно место. Преку активностите на кампањата ќе се влијае и на зголемена свест за важноста од информирањето за работничките права за севкупната јавност во Република Македонија. На пример, преку оnline кампања во текот на цела година се објавувасекојдневно по едно право од законот за работни односи.
Дел од овие активности ќе се организраат преку локалните партнери во кампањата меѓу кои и ФОРУМ 16.
Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Државниот Инспекторат за Труд.