Преглед на проектот
“Крени глас за промена, спушти рака за насилство” е иницијатива на млади која беше спроведена од страна на група на средношколци и членови на Здружението на граѓани “Младите можат “од Скопје и на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Времетраењето на иницијативата беше од 10-ти февруари до 10-ти март 2016 година.
Носител: Здружение на граѓани “Младите можат ” од Скопје
Партнери: Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола
Активности:
Во рамките на иницијативата беа спроведени следните активности:
– Онлајн истражување;
– Симулација;
– Обука – Целта на еднодневната обука за средношколците од гимназијата “Јосип Броз Тито” – Битола и “Никола Карев” во Скопје беше да се подигне јавната свест за постоењето на психо-физичко насилство меѓу средношколци. Обуката беше спроведена во соработка со PSIHESKO – првата македонска асоцијација на студентите за психологија. Обуката имаше за цел, исто така, да ги запознае учесниците со причините и последиците од постоењето на оваа појава и да им даде вештини за да се спречи тоа.
– Сесии за ширење на иницијативата;
– Завршен настан.
Оваа иницијатива беше дел од проектот на Националниот младински совет на Македонија, со поддршка од УСАИД и Фондацијата Отворено општество-Македонија.