Кој ако не младите

22/07/2016

КОЈ АКО НЕ МЛАДИТЕ е програма на ФОРУМ 16 која се фокусира на зајакнување на младите и младинскиот активизам.

Името на оваа програма потекнува од иницијативата „Кој не младите? Кој ако не ти?“ која започна во 2015 година со менторство од страна на ФОРУМ 16 на четири средношколци (Марија Костовска, Марио Ќурчиевски, Владимир Ристевски и Бојана Поповска) во процесот на развој на проекти. Целта на иницијативата беше да се подигне свеста на младите за можностите во нивната локална заедница и придонесот што може да го направат преку организирање настани на различни теми.  По оваа иницијатива, ФОРУМ 16 го разви својот пристап кон директно вклучување на младите и нивно лидерство во дизајнирањето и спроведувањето на младинските проекти, како и вклучување на младите активисти во управното тело на Здружението.

Главните карактеристики на ФОРУМ 16 во оваа област се фокусот на неформалното образование и вклучувањето на младите луѓе во сите нивоа на донесување на одлуки и нивна имплементација. Меѓу клучните активности во оваа програма се:

  • Академијата „Кој ако не младите? Кој ако не ти?“, чија програма овозможува поконцентриран и интензивен пристап кон развојот на младинските лидери.
  • Од младите за младите со љубов: Одбележување на акциски денови во рамки на Движењето против говор на омраза иницирано од Совет на Европа. ФОРУМ 16 во ова Движење е вклучено од 2013 година, а во 2017 година го спроведен проектот „Нова генерација на млади лидери за справување со говорот на омраза”. Преку овој проект се обезбеди обука за учениците и вработените во шест битолски средни училишта и се обезбеди поддршка во изработка на акциски планови за справување со говор на омраза, дискриминирачки и навредувачки говор во училиштата.