Преглед на проектот:
Кампањата против гласини „Гласно сокаче – Будно чикмче“ е серија од работилници и активности во заедницата кои помагаат да се уништат гласините и стереотипите кои влијаат на младите, Ромите, LGBTQI и други малцинства кои живеат во Северна Македонија. Овој проект има за цел да создаде група на активисти против гласини кои ќе ги идентификуваат гласините за целната популација во граѓанските организации (ГОи) во кои се активни и ќе спроведат некаков облик на промена во рамките на нивните ГОи.
Главните цели се:
– Да се обучат 15 активисти против гласини за да се идентификуваат гласините во заедницата и да се справат со нив преку стратегиите што ќе ги научат за време на обуката
– По обуката, да се олесни процесот на идентификација на гласините во работата на ГОи и да се развијат стратегии за борба против гласини од страна на активистите против гласини
– Да се подобрат капацитетите на ФОРУМ 16 за спроведување на кампањи против гласини во заедницата преку создавање и објавување на Прирачник против гласини и поактивни работилници за време на обуката
Целни групи се млади луѓе, младински работници и младински лидери во локални ГОи.
Активности:
-Обука за активисти
-Изработка на прирачник за кампањи против гласини
-Проект во заедницата
-Менторирање на активистите во идентификација на гласини за нивната целна група (и)
Имплементација: Проектот ќе се спроведува во период од шест месеци (јуни-ноември 2020 година) од страна на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола.
Проектот е финансиран од Европската младинска фондација (EYF), фонд основан од Советот на Европа (СоЕ).