Денес, 9 февруари 2021 година, се одбележува Светскиот ден за безбеден Интернет со активности низ целиот свет. Темата за 2021 година е „Заедно за подобар Интернет“. На овој ден се повикуваат сите засегнати страни да се здружат за да го направат Интернетот побезбеден и подобро место за сите, а особено за децата и младите.
Без разлика дали сте млада личност, родител или старател, наставник или воспитувач, креатор на политика или претставник на организација или компанија, секој има улога да создаде и да одржи подобар свет на Интернет.
Користењето на интернетот и социјалните медиуми е секојдневна навика на речиси секој човек. Со рестриктивни мерки за ублажување на ефектите од пандемијата во многу делови на светот, предизвикот за безбеден Интернет постана поголем и поважен. Во тој контекст се и последните случувања во нашата земја со родово заснованото насилство на социјални мрежи.
Поддршката на ФОРУМ 16 во одбележување на овој ден е изработка на визуелен материјал со информации кои ќе ви помогнат да бидете безбедни на Интернет.


