Градење капацитети за менаџирање на настани за собирање средства

Преглед на проектот:

Главната цел на овој проект е да помогне во изградба на модел за финансиска стабилност на проектот на ФОРУМ 16, КиноБит, кој ќе промовира човекови права преку кратки филмови.

Специфични цели на овој проект се:

  • Да се поврзе ФОРУМ 16 со нови индивидуалци и бизнис поддржувачи, преку создавање на интересен и атрактивен годишен настан за прибирање финансиски средства;
  • Да се соберат средства за поддршка на имплементацијата на програмата на КиноБит и Кино Кабаре настанот во 2019 година, како дел од таа програма;
  • Да се изградат партнерства за поддршка на идниот развој и раст на годишниот настан за прибирање финансиски средства за поддршка на програмата на КиноБит.

Проектот ќе се спроведе во период од 6 месеци, односно од 1 ноември 2018 до 1 мај 2019 година.

Активности: Овој проект ќе го финансира планирањето и спроведувањето на настан за прибирање финансиски средства што ќе се одржи во првата половина на март 2019 година. Овој настан ќе помогне да се поддржи спроведувањето на годишниот Кино Кабере настан во Битола, кој во 2019 година е планиран за во месец април. Средствата од проектот ќе се користат за покривање на персонал, промоција, местото на одржување на настанот за собирање средства, говорници, угостителски услуги за настанот за прибирање на средства. Сите средства собрани од настанот ќе бидат искористени за поддршка на оперативните трошоци на Кино Кабере Битола во април 2019 година, вклучувајќи го местото за обуки и лабораторија,обучувачи, храна и сместување на учесниците.

Спроведувач: Здружение за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола

Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.