Академија: Кој ако не младите? Кој ако не ти?

Од декември до јуни 2017 година Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола ќе го имплементира проектот „Академија: Кој ако не младите? Кој ако не ти?“.

Цели на проектот се:

  • Да им се овозможи на младите луѓе од различни заедници и академски програми преку структурирана можност да се здобијат со практични знаења и вештини во областа на активното граѓанство и лидерство.
  • Да се изгради мрежа на млади луѓе од регионот која ќе го промовира младинскиот активизам и учеството на младите во нивните заедници.
  • Да ги поттикне младите да иницираат активности во нивните заедници.

Во периодото од 9 до 13 јануари 2017 година во Битола ќе се одржи Академијата која ќе вклучува работилници кои ќе ги опфатат следниве теми: градење на тим, презентациски и комуникациски вештини, лидерство, (социјално) претприемништвото, младински активизам и уметност. Целна група на овој проект се млади на восраст од 16-20 години од 5 градови: Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Крушево.

Проектот е финансиран со грант од Програмата за помош на мали проекти на Мировниот корпус Македонија.