Don’t be divided, Stay UNITED

По повод 21 март, Меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација, волонтерите на ФОРУМ 16 подготвија видео „ Don’t be divided, Stay UNITED “ со цел да се испрати порака да се стави крај на расизмот, дискриминацијата и нетолеранцијата.

21 март е Меѓународниот ден за елиминација на сите форми на расна дискриминација, основан од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1966 година, по бруталното убиство на 69 демонстранти во населено место Sharpeville во Јужна Африка во 1960 година. Масакрот се случил за време на протестите за законот против апартхејдот на владата на Јужна Африка, режим кој систематски спроведувал расната нееднаквост и сегрегација. Денес расистички убиства и насилство се уште се чести, а расната дискриминација и понатаму може да се најде во секое ниво на нашите општества. Денот има за цел да ги потсети луѓето на негативните последици од расната дискриминација. Исто така, да се потсетат луѓето на нивните обврски и да се охрабрат за борба против расната дискриминација.

Од почетокот на 1990-тите години, а секоја година околу 21 март, мрежата UNITED координира Европската недела на акција против расизмот.