ФОРУМ 16 членка на мрежата за финансиска одржливост

ФОРУМ 16 е една од 70-тите граѓански организации кои се членки на неформалната мрежа за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор.

Целта на мрежата е со цел да се застапува за поволни промени и законски измени во следните области:

  • Даночниот третман на ГО;
  • Даночните олеснувања за донации и спонзорства за ГО и поврзување со статусот на организации од јавен интерес;
  • Сметководствениот систем за непрофитни организации;
  • Статусот на ГО како работодавачи и поддршка за вработување во граѓанскиот сектор преку активни мерки за вработување.

Оваа мрежа е формирана преку проектот „Промени за одржливостЕ финансиран од ЕУ, а спроведуван од Конект, Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.