„Светло. Камера. Акција! За активни и вклучени млади“

На 16 март 2019 година, во 17 часот, во Малата сала на Центарот за култура Битола, ФОРУМ 16 го организира донаторскиот настан „Светло. Камера. Акција! За активни и вклучени млади“.

На овој настан:

  • ќе се дискутира за важноста на филмот за граѓанското учество со гостите Сашо Н. Алушевски и Ана Алексовска;
  • ќе се прикажат дел од филмовите изработени на Кино Кабаре Битола 2018 и ќе ги слушнете искуствата на дел од минатогодишните учесници;
  • ќе имате можност да добиете директни информации за овогодинешното Кино Кабаре Битола кое е планирано за периодот од 2 до 8 април;
  • ќе имате можност за време на коктелот да се поврзете со спонзорите и поддржувачите на Кино Кабаре Битола 2019.

Резервирај го вашиот билет до 1 март на 078/535 606 или на contact@forum16.eu

Билетите по цена од  100 ден ќе може да ги подигнете до 15 март на билетарата на Центарот за култура Битола.

Со средствата од продажбата на билетите и вие овозможуватe едукација за човекови права и изработка на краток филм на 20-тина млади луѓе од земјава.

Овој настан е една од активностите на проектот „Градење капацитети за менаџирање на настани за собирање средства“ кој го спроведува Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола во рамките на програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.