Презентација на Fusion Lab пред потенцијални донатори

Минатата недела ФОРУМ 16, заедно со уште 11 други организации, го презентира бизнис планот и стратегија за Fusion Lab пред потенцијални донатори.

Нашата програма Fusion Lab ја развивме во модел на социјално претпријатие кој треба да обезбеди висок квалитет на простор за работа и состаноци со достапна цена за граѓански организации во заедницата, малите бизниси и фриленсери кои работат во Битола. По реинвестирањето во одржување и развој на бизнисот, сите останати приходи ќе се користат за поддршка на програмите кон заедницата понудени од ФОРУМ 16 и останатите граѓански организации од битолскиот регион.

Презентацијата беше дел од проектот „Поттикнување на социјалното претприемништво“ финансиран од Европската унија, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.