Повик за член на Управен одбор на ФОРУМ 16

Почитувани,

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола објавува јавен повик за член на Управен одбор (УО). Според Статутот на ФОРУМ 16, УО е составен од не повеќе од 7 члена, со мандат од 4 години и со право на реизбор. Членовите на Управниот одбор не добиваат финансиски надомест за својата работа во рамките на УО.

Новоизбраниот член на УО се избира со мандат од една година (2019/2020), со право на кандидатура за реизбор на следното Годишно собрание на ФОРУМ 16.

Дел од одговорности на Управниот одбор се да:

  • Ги подготвува и свикува седниците на Собранието;
  • Го подготвува нацртот на Статутот, предлог акти и други одлуки што треба да ги донесе Собранието;
  • Дава стратешки насоки за развој на Здружението;
  • Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени на Собранието;
  • Подготвува годишен извештај за својата работа;
  • Ја предложува Годишната програма за одобрување од страна на Собранието;
  • Мониторира и прегледува имплементација на одобрената Годишната програма и буџет;
  • Разгледува и одобрува предлози за нови проекти кои треба да се реализираат од страна на Здружението;
  • Одобрува правилници за внатрешно работење, спогодби со други организации и меморандуми за разбирање;
  • Врши и други работи согласно Законот.

Заинтересираните кандидати треба:

– да имаат минимум 18 години;

– да се од редот на редовни членови на  ФОРУМ 16;

– да имаат најмалку двегодишно искуство во граѓанска организација;

– да имаат искуство со работа на проекти;

– да имаат искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови;

– да имаат способност за работа во тим;

– да се флексибилни и комуникативни;

– да имаат интерес, желба и мотивација да придонесат во работата на организацијата и во заедницата.

Писмото за мотивација (во кое особено ќе се потенцира како би придонеле во работата на  ФОРУМ 16) и биографија, да се испрати до 16 декември 2019 година на forum16.bitola@gmail.com со назнака: Апликација за член на Управен одбор.