Повик за учесници за Гласно сокаче – Будно чикмаче

Овој септември по втор пат сакаме да ја организираме кампањата „Гласно сокаче – Будно чикмаче“!

Оваа кампања ФОРУМ 16 прв пат ја организира во октомври минатата година. Истата има за цел да го охрабри меѓугенерацискиот дијалог и меѓусебното почитување преку волонтерски активности за создавање или обновување на интересни, но игнорирани јавни места каде што соседите и минувачите се дружат заедно.

И овој пат пред реализација на теренската активност* предвидени се работилници на кои ќе се запознаеме подобро со целта на иницијативата, а тогаш ќе се избере и локацијата на која ќе се интервенира. Тимот на ФОРУМ 16 веќе има некои прдлози, но би биле среќни ако и вие дадете предлог.

Пријавувањето трае до 20 август 2019 година со пополнување на апликација.

Во меѓувреме погледнете ги фотографиите од минатата година https://bit.ly/2XpUAnN и доколку имате прашања може да пишете на forum16.bitola@gmail.com

*Активностите ќе се реализираат на територија на општина Битола!