Повик за партнери и поддржувачи на КиноБит

Позадина

Во текот на изминатава година, ФОРУМ 16 работеше на развивање на концептот за првото Кино Кабаре во Битола, настан по примерот на Кино Кабаре настаните што се одржуваат низ целиот свет од страна на групи аматери и професионални филмаџии кои се здружуваат за да изработат „кратки филмови за кратко време“. Се надеваме дека ова ќе биде прв од многуте вакви настани, а истовремено сакаме да ја формираме и првата локална кино келија – КиноБит – како основа за идните активности. Во мај и јуни 2017 година, ФОРУМ 16 спроведе кампања за собирање на финансиски средства на платформата Generosity.com за да се опреми Кино келијата. Со средствата собрани од оваа кампања и со други донации, ФОРУМ 16 е во можност да поддржи еден тим од филмаџии во креирањето на нивните дела, користејќи го пристапот Кино Кабаре. Сега сме во фаза во која бараме партнери кои би ни помогнале да го организираме првиот ваков настан во Битола, кој ќе се одржи во тек на есента 2018 година. Настанот ќе биде со фокус на јакнење на капацитетите на учесниците за застапување за човековите права и за други прашања од интерес на младите преку уметноста на кратакиот филм.

План

Настанот кој го предвидуваме треба да се одржи во текот на два последователни викенди. Првиот викенд за пријавените учесници ќе се одржи обука со содржини за човекови права, активно граѓанство и технички аспекти за изработка на кратки филмови. Вториот викенд ќе биде фокусиран на креирање на кратките филмови од тимовите на учесници, и ќе заврши со проекција на нивните филмови за јавноста. ФОРУМ 16 планира да ги направи достапни онлајн креираните филмови и преку други канали на промоција да ги вклучи учесниците и партнерите во тековното функционирање на КиноБит келијата.

 

Ни требате

ФОРУМ 16 бара партнери да бидат вклучени во секој аспект на планирањето на КиноБит, вклучувајќи локација, логистичка поддршка, техничка обука, поддршка и спонзорства за покривање на случајни трошоци. Потребни се индивидуи и организации кои се заинтересирани за фотографија, кино, комуникации, образование, развој на млади, човекови права и активно граѓанство за да го направат Кино Кабаре успешен, да помогнат да се идентификуваат учесниците и да се промовира нивната работа. Следува листа на ресурси и работи кои се потребни за да се започне проектот. Ве молиме да го споделите ова со секој кој би можел да има интерес да се вклучи или да го поддржи овој напор. За повеќе информации, контактирајте со:

Наташа Чавдаровска

 contact@FORUM16.eu

Потребна ни е помош за:

Човечки ресурси

  1. Технички волонтери – Луѓе со вештини и интереси да им помогнат на тимовите, односно на помалку искусните учесници да научат и да го завршат процесот на изработка на кратки филмови за краток временски период. Особено се потребни волонтери со вештини и опрема за монтирање, за организирање на тимовите, пишување сценарија, снимање.
  2. Логистички волонтери – Луѓе кои ќе ги поддржат основните операции на Кино Кабаре, вклучително и регрутирање на учесници и спонзори, обезбедување на сигурност на локациите и на опремата, извршување на задачи, информирање на јавноста за финалната проекција, статисти во продукциите итн.
  3. Обучувачи – искусни обучувачи кои можат да одржат работилници за теми како што се филмски жанрови, кинематографија, монтирање и медиумско застапување.

Локации

  1. Работен простор – Треба да се идентификува работниот простор каде околу 20 лица кои ќе работат во тимови можат да планираат и изработуваат кратки филмови во период од два и пол дена.
  2. Места за проекција – ни требаат резервни локации за проекција на завршените филмови на последниот ден на Кино Кабаре.
  3. Потребни ни се места за волонтерите кои не се од Битола да останат два викенди на есен.

Останати ставки

  1. Опрема – потребни ни се луѓе со основна опрема за снимање и монтажа – видео опрема, лаптопи со софтверот за монтирање, микрофони, стативи, дронови и слично, за споделување на опремата која ќе се употребува и која може да им помогне на учесниците да изработат подобри филмови.
  2. Храна – закуски, вода, сок, кафе, сендвичи итн. за учесниците и волонтерите.
  3. Рекламни материјали – постери, беџови, стикери и слично. Имаме подготвен дизајн за дел од рекламниот материјал, но од корист ќе биде и оригинален дизајн на постер, ако имавме соработник (или спонзор) да направи постери.

Финансиска поддршка / спонзорство

  1. Луѓе – би сакале да бидеме во можност да исплатиме хонорари за обучувачите и волонтерите, а се надеваме дека ќе најдеме спонзори на опрема (фото апарати и електроника) кои ќе донираат за оваа намена.
  2. Работен простор – потребен е индивидуалец, компанија или институција која би отстапила локација за работен простор или би ги покриле трошоците за изнајмување на работен простор.
  3. Останати ставки – потребен е спонзор за поддршка во набавка на било кои од погоренаведените останати ставки.