Новости по одржаното Годишно Собрание

На 23 септември 2017 година, во канцеларијата на ФОРУМ 16 се одржа Годишното Собрание на кое се донесоа неколку важни одлуки. Пред сè, се усвоија извештајот за работа за периодот 2016/2017, извештајот за работа на Управниот одбор на Здружението, како и завршната сметка за 2016 година. Освен тоа, едногласно се усвоија годишната програма за работа за 2017/2018 година и финансискиот план за 2018 година. Со цел и понатамошно зголемување на бројот на членови, на Годишното Собрание се одлучи да се намали членарината за редовните членови за периодот 2017/2018. Сега таа изнесува 300 денари.