КиноБит – Алатка за јакнење на млади активисти

ФОРУМ 16 секогаш работи со цел да им овозможи на младите од Македонија алатки за да ја изразат својата визија за подобро општество. За таа цел, го организиравме во Македонија првиот Кино Кабаре настан во Битола, родното место на филмската индустрија на Балканот. Со овој настан започна нова и постојана програма за обука на млади активисти за граѓанското општество, медиумите, застапувањето и техничките аспекти на создавање на „кратки филмови во краток временски период“ – белег на Mеѓународното Кино Движење (Kino Movement).

Цели на програмата на КиноБит се:

  • Да ги едуцира младите за човековите права, доброто управување и застапувањето за општествени промени;
  • Да се ​​оспособат граѓаните да се залагаат за позитивни општествени промени преку продукција на кратки филмови и видеа;
  • Да ги едуцира граѓаните за човековите права и доброто владеење преку презентација на оригинални видео продукции преку постојана серија на работилници, проекции, филмски фестивали и дистрибуција преку онлајн и офлајн канали.

За време на Кино Кабаре настанот, креативните и млади активисти од цела Македонија, добиваат обука за човекови права, добро владеење, застапување, како и за основите за продукција на филм. Ова е проследено со техничка поддршка за снимање и монтирање на филмовите, како и со настан за прикажување на резултатите, односно филмовите пред филмски професионалци и пред пошироката заедница. ФОРУМ 16 настојува да организира турнеа или Кино Караван, преку која филмовите на младите ќе бидат прикажани пред јавноста и публиката низ други градови на Македонија.

Во мај 2017 година за прв пат се пристапи кон прибирање на средства за овој проект преку успешната crowdfunding кампања на Generosity.com. Првата активност на проектот КиноБит се одржа во октомври 2018 година, со организирање на првиот Кино Кабере настан во Битола, во кој 20-тина учесници се собраа за да создадат кратки филмови за кратко време, со фокус на теми за промовирање на човековите права.