Лабораторија за фузија

22/07/2016

ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ФУЗИЈА е стратегија на ФОРУМ 16 за промовирање на соработка помеѓу приватни бизниси и локални организации преку заеднички проекти, заеднички обуки и создавање на нов вид на заедничко работно место каде што можат да растат и да се развиваат нови идеи и нови организации. ФОРУМ 16 го замислува Fusion Lab како социјално претпријатие кое ќе поседува висококвалитетен објект за состаноци во заедницата и кооперативен работен простор, а исти така ќе служи како фокус на нашите напори да се обезбедат услуги на други организации и да се промовира меѓусекторска соработка. Со поддршка од национален проект поддржан од ЕУ, ФОРУМ 16 разви првични бизнис и маркетинг планови за оваа програма. Сега бараме можности за партнерство за да овозможиме овие напори да постигнат целосна имплементација.

Кооперативен простор

ФОРУМ 16 активно работи на градење на нови односи со луѓе и организации кои сакаат да направат разлика. Бараме партнери, спонзори и колеги кои сакаат да го сменат начинот на работа во Битола со создавање на нов заеднички простор за креатори, претприемачи, уметници и активисти. ФОРУМ 16 предвидува место кое ќе служи како канцеларија за ФОРУМ 16 и други граѓански организации, како и за партнерски бизниси, а кое исто така ќе обезбеди флексибилни канцелариски и простори за состаноци во кооперативниот работен простор. Овој популарен пристап кон просторот за работа е добро воспоставен и популарен во градовите ширум светот, но сѐ уште не се вкоренил во Македонија надвор од Скопје. ФОРУМ 16 сака да го промени тоа, со социјално претпријатие чиј скромен профит ќе помогне во поддржување на програмите на Здружението наменети за заедницата.

Ангажирање на заедницата

Како организација која е водена од својата мисија, ФОРУМ 16 промовира соработка во развојот на екосистемот за социјално претприемништво, како и меѓусекторска соработка со бизниси, хонорарни работници, уметници и професионалци насочени кон заедницата. Активно бараме да се креираат корисни односи кои ќе им служат на заедницата и кои создаваат нови можности за поединци и здруженија во Битола и низ цела Македонија. Овој дух е прифатен во сите наши програми и се надеваме дека програмата Fusion Lab ќе стане центар за промовирање на овој пристап на најширок можен начин. Истомислениците се поттикнати да стапат во контакт со нас за да истражат како можеме да бидеме поефективни преку заедничка работа.