Сакате да донирате?

22/07/2016

ФОРУМ 16 е формирано за да служи на заедницата и во заедницата пронаоѓа идеи, партнерства и луѓе кои можат да ги направат нашите програми успешни. Но, потребно е повеќе од идеја и енергија за да се направат промени. Требаат средства за канцеларија, место за состаноци, материјали, како и за нашите програмски активности. Дел од нашата работа е поддржана со грантови од донаторски организации кои покриваат само дел од нашите реални трошоци, а освен тоа, повеќето донатори бараат дел од оперативните трошоци да се финансирани на локално ниво.

Токму сега, ФОРУМ 16 е во процес на создавање на механизам за да се вршат донации преку интернет. Во меѓувреме, ако ви се допаѓа она што го правиме и сакате да ја поддржите нашата работа со донација, ве молиме да ни јавите на (0)78 535 606, или да ни испратите е-мејл на: contact@FORUM16.eu