Гласно сокаче – Будно чикмаче

Во август 2018 година, ФОРУМ 16 започна нова иницијатива: “Гласно сокаче – Будно чикмаче”, како дел од тековните напори за разбивање и намалување на негативните стереотипи, предрасуди и говор на омраза. Преку пилот-активности преземени во Битола во текот на 2017 година, ФОРУМ 16 идентификуваше теми кои промовираат негативни стереотипи кои се однесуваат на жените, младите, постарите, Ромите и други групи. Бидејќи ФОРУМ 16 е младинска организација, решивме да се фокусираме на предрасудите кои се однесуваат на младите луѓе, често окарактеризирани како мрзливи и незаинтересирани за нивната заедница.

Оваа иницијатива има за цел да го охрабри меѓугенерацискиот дијалог и меѓусебното почитување преку волонтерски активности за создавање или обновување на интересни, но игнорирани јавни места каде што соседите и минувачите се дружат заедно. Идејата е дека работата на младите и постарите луѓе да ги подобрат запоставените локации во нашата заедница – тесни улички, клупи, фонтани итн. – може да помогне да се промовира атмосфера на вклучување, толеранција и разбирање. Кампањата ќе ги моделира овие посакувани квалитети и преку методите за работа и преку резултатите.

Првата акција во рамките на оваа кампања е планирана за септември и октомври 2018 година. Тимот ќе биде регрутиран врз основа на јавен повик и ќе биде обезбеден урамнотежен тим на помлади и постари учесници кои се подготвени да работат заедно за да ја подобрат својата заедница. На овој тим ќе им биде обезбедена обука за улогата на агентите против гласини во тековните напори за промовирање на повеќе инклузивно и толерантно општествено опкружување. ФОРУМ 16 ќе обезбеди менторство за тимот при изборот на локацијата и спроведувањето на нивниот проект за подобрување на заедницата.

По почетна обука, тимот ќе работи со ФОРУМ 16 и институционални партнери за планирање на волонтерска активност за враќање на изгледот и духот на запуштените места во градот Битола. Ќе бидат избрани локалитети и ќе се развијат конкретни проектни планови, во соработка со релевантни иснтитуции и локалните жители.

„Гласно сокаче – Будно чикмаче“ е дел од програмата (СТ)АРТ на ФОРУМ 16, која промовира човекови права преку креативност и уметност. Оваа програма произлезе од минатите активности на Здружението за борба против говор на омраза и јавни уметнички активности, а се разви со останати активности, вклучувајќи ги и националните обиди на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) – Мисијата во Скопје за промовирање на локални кампањи против гласини. Според тоа, кампањата „Гласно сокаче  – Будно чикмаче“ е поддржана од ОБСЕ – Мисијата во Скопје. ФОРУМ 16 очекува континуирано да ја продолжи кампањата во соработка со релевантни иснтитуции и организации.