Заинтересирани сте за волонтерство?

22/07/2016

ФОРУМ 16 верува дека секој граѓанин треба да биде ангажирани во граѓанскиот, економскиот и културниот живот на заедницата. Граѓанското учество значи граѓаните да најдат време и да дадат личен придонес во подобрување на заедницата. Нашето мото е „Започни каде што си. Употреби тоа што имаш. Направи тоа што можеш.“

ФОРУМ 16 одржува контакти со широк спектар на организации и проекти кои имаат потреба од волонтери. Работиме со поединци и групи кои сакаат да создадат нешто ново во заедницата или да понудат решение за проблемите на заедницата. Ако сте заинтересирани да се вклучите во проекти на ФОРУМ 16, сакате да почнете нов проект, или ви треба помош да најдете начин за да придонесете за подобро општество, тогаш ве молиме да ни јавите на (0)78 535 606, или да ни испратите е-мејл на: contact@FORUM16.eu