ФОРУМ 16 од јули 2016 година потпиша Меморандум за соработка со Мировен Корпус во Северна Македонија. Тоа е владина организација на САД, основана во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди, посветена на светскиот мир и пријателство. Од 1996 година повеќе од 200 волонтери на Мировниот Корпус соработуваа со нивни колеги од Северна Македонија.
Кампањата против говор на омраза на интернет е движење против изрази на говорот на омраза на интернет во сите негови форми, вклучувајќи ги и оние кои најмногу влијаат на младите луѓе. Работните методи се подигнување на свеста, застапување и пронаоѓање на креативни решенија за борбата против говорот на омраза. Од 2016 година, ФОРУМ 16 е членка на Националниот Комитет Против Говор на Омраза.
ЦЕФЕ Македонија е невладина организација која дејствува кон подобрување на претприемaчките перформанси на економските актери преку стимулирање на претприемaчко однесување и развој на бизнис компетенции. ФОРУМ 16 беше партнерска организација на проектот „„Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да инвестирате во (да ја развивате) вашата држава?“ спроведен од ЦЕФЕ, а поддржан од Амбасадата на САД.
Европската младинска фондација (EYF) е фонд основан во 1972 година од страна на Советот на Европа да обезбеди финансиска и образовна поддршка за европските младински активности. ФОРУМ 16 има добиено грант за проектот “Нова генерација на млади лидери за справување со говорот на омраза” во 2017 и проектот „Кампања против гласини: Гласно сокаче – Будно чикмаче“ во 2020.
Конект е здружение на граѓани од Македонија формирано во јуни 2008 година од страна на неколку ентузијасти кои веруваат дека Македонија има потенцијал да се развива со потпирање на локалните ресурси и капацитети. Мисијата е да ги поттикне и промовира приватните донации и општествената одговорност насочени кон ефективен и долгорочен развој на Македонија. Конект се стреми да биде клучна точка за поврзување на донаторите со граѓанскиот сектор за да создаде позитивно влијание врз општеството, да ги реализираат своите визии за промените што сакаат да ги видат во нивните заедници.
Млад и авангарден фестивал кој го слави креативниот документарен филм со филмски приказни, работилници и проекции под ноќното небо, МакеДокс патува за да ги шири најубавите документарни приказни во земјата и регионот. ФОРУМ 16 е дел од базата на едукатори „Ние сме визуелни“ на МакеДокс.
Мисијата е во постојана комуникација и со претставниците на граѓанското општество. Таа работи со властите во спроведувањето на интегрирано образование и во градењето на капацитетите на државните службеници во согласност со меѓународните демократски стандарди и принципи. Мисијата, исто така, помага во изборните реформи, ги промовира правата на малцинствата, ги обучува полициските службеници и помага во процесот на судските реформи. ФОРУМ 16 беше дел од организациите кои беа менторирани од странаа на Мисијата за спроведување на кампањи против гласини.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола (УКЛО) е основан во 1979 година. Развојниот концепт на УКЛО јасно и недвосмислено го потврдува неговото значење на автономна, високообразовна и научно-истражувачка институција, определена да го ориентира својот натамошен развој кон заедничкиот европски простор на високото образование и научно-истражувачката дејност. УКЛО беше поддржувач на КиноБит ќелијата формирана од ФОРУМ 16.
Националната установа Центар за култура Битола е повеќегодишен поддржувач на активностите на ФОРУМ 16. Центарот за култура постои веќе триесетина години, создава услови за континуиран непречен развој и поддршка на граѓанските културни иницијативи, во интерес на потребите на заедницата и локалната самоуправа. Незаобиколна форма на дејност е и поддршката и развој на индивидуалната креативност и инвентивност во начинот на презентирање на културните вредности,традиции и обичаи.
Европската Унија, преку програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика, го финансира проектот на ФОРУМ 16 „Градење капацитети за менаџирање на настани за собирање средства“. Дел од промовираните содржини се подготвени во рамки на проекти финансирани од Европската Унија. Сите содржини на овој профил се единствена одговорност на ФОРУМ 16 и на никој начин не може да се смета дека ги претставуват ставовите на Европската Унија.
Center Lounge & Fresh Bar е првиот ресторан за непроцесирана и здрава храна во Битола. Ресторанот промовира здрав начин на исхрана, а повеќе од половина од профитот го инвестира во развојот на социјалното претпријатие „Анастасија центар“. Од декември 2019 ФОРУМ 16 користи времено работен простор во ова социјално претпријатие.